На инфективното одделение во велешката болница од синоќа се хоспитализирани 34 пациенти или тројца повеќе во однос на претходниот ден. Од нив, 32 имаат позитивен тест на коронавирус, а двајца се водат како сомнителни случаи. Дванаесет пациенти имаат потешки симптони на болеста и добиваат кислородна поддршка. Од велешката болница вчера …
Прочитај повеќеВести
(ВИДЕО) Велешаните Тони Андреев и Владимир Здравев со прекрасна преработка на „На местото на злосторот“ од Тоше Проески
13 години подоцна, Тони Андреев со својата маестрална изведба на големиот хит „Место на злосторот“, повторно не навраќа на местото каде се случи големата трагедија во која животот го изгуби нашата легенда Тоше Проески. Тони вели дека ова е негова втора преработка на песна од Тоше, но планира да му …
Прочитај повеќеДваесет и тригодишник тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман
Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрово, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед во кавадаречката болница. „Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се …
Прочитај повеќеДенеска сончево и ветровито
Времето денеска ќе биде сончево, со мала, до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 22 степени. За утре се очекува сончево …
Прочитај повеќеАЛАРМАНТНО: Рекорден број заразени во Велес, но и во целата земја по последното деноноќие
Рекордни 17 нови случаи на ковид-19 во Велес за еден ден се регистрирани во најновиот извештај на Министерството за здравтсво. Нов рекорд е забележан и во земјава, откако се регистрирани 594 новозаразени. Новите случаи се регистрирани откако се направени 2617 тестирања. И денеска повеќе од половина новозаразени доаѓаат од Скопје, …
Прочитај повеќе(ФОТО) Ракометар на Борец физички нападнат од вработен во салата во скопски Чаир
Тежок инцидент се случи денеска во спортската сала во скопски Чаир, на одигрувањето на натпреварите од редовното коло во машката ракометна Прва лига. Повреден е младиот ракометар на Борец Јован Атанасовски, откако бил нападнат од вработен во спортската сала „7 Март“. На натпреварот против Аеродром Атанасовски добил црвен картон и …
Прочитај повеќеУбедлив пораз на ракометарите на Борец
Во рамките на четвртото коло од Првата ракометна лига Група А, ракометарите на Борец загубија убедливо од екипата на Аеродром со резултат 24 : 45. Ракометарите на Борец беа рамноправни само на почетокот од натпреварот, за да квалитетот на Аеродромци дојде до израз и на полувреме веќе беше 13 :21. …
Прочитај повеќеБројката на новозаразени од коронавирус во Хрватска надмина илјада
Во последните 24 часа, регистрирани се 1096 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 4844. Починати се и десет лица. Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на Ковид 19 во Хрватска, регистрирани се вкупно 24 761 заразени со коронавирус …
Прочитај повеќеМихајлов: Во недела ќе потврдиме дека сме екипа за респект!
Репрезентативната пауза е зад нас, а пред нас се новите возбудувања од Првата македонска фудбалска лига. На ред е деветтото коло, во кое велешки Борец на свој терен ја пречекува Македонија Ѓ.П. Натпреварот (недела, 14:30 часот) е и едно од двете дербија на колото, бидејќи се среќаваат две екипи од …
Прочитај повеќеДаниел Мусовски прифати да игра за Македонија
Даниел Мусовски, 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес, една од најдобрите екипи од американската лига МЛС, прифати да игра за македонската репрезентација и ќе биде повикан за ноемвриските натпревари на нашиот најдобар национален тим, објави ФФМ. Селекторот Игор Ангеловски го контактираше фудбалерот со македонско потекло и доби потвден одговор околу неговиот …
Прочитај повеќе