Фудбалерите на Борец загубија на гостувањето во Струмица кај Академија Пандев со 2:1, во првата контролна пријателска средба годинава.
Домашните поведоа уште во првата минута од средбата со голот на Марјан Радески, а на 2:0 зголеми Марио Костовски во 50 минута. Единствениот гол за велешани е дебитански погодок на новајлијата Александар Мишов, кој реализираше пенал во 64 минута.
Велешани на чело со шефот на струката Горазд Михаилов минатата недела ги започнаа подготовките за продолжението на првенството, во кое Борец ќе се бори за врвот на табелата и за евентуален пласман во квалификациите за Лига Европа.
Следната контрола велешкиот прволигаш ќе ја има во четврток, кога на Градскиот стадион во Велес ќе се сретне со Работнички. Пролетниот дел на Првата македонска фудбалска лига продолжува на 14 февруари, кога Борец во Велес го пречекува есенскиот вице-првак Шкупи.
Можеби ќе ве интересира: