24-годишен е возачот кој денеска излета со автомобилот во шанецот кај касарната, веднаш е префрлен во болница

Во сообраќајната несреќа која утрово се случи на улицата Раштански пат во близина на велешката фабрика Киро Ќучук повреден е 24-годишен возач. Тој по укажаната помош од страна на медицинскиот персонал на ИПМ, со возило веднаш е префрлен во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

„Сообраќајна незгода на патот од фабрика Брако кон Киро Ќучук во шанецот до касарната, во која е повредено 1 лице, на,24г возраст, со повреди на врат и горен дел на грбот. Со возило од ИМП пренесен во ургентен хирушки цантар во ЈЗУ Општа болница Велес“, рече Јадранка Мишкова, дежурен лекар во Итната медицинска помош.

Agria

Сообраќајната несреќа се случи утрово околу 7 часот, а како што се гледа на фотографиите, автомобилот удрил неколку дрвја и паднал во канал кој се наоѓа веднаш до коловозот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34984/povtorno-soobrakajna-nesreka-vo-veles-avtomobil-zavrshi-vo-kanal/