44 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Сообраќајната полиција на територијата на СВР Велес вчера изрече вкупно 44 мерки на возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.

Zito akcija 640x289px

„Во текот на вчерашниот ден (29.06.2022) на територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 44 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересаира:

https://batali.net/30764/vremenska-prognoza-203/