63 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Soobrakajna policija Veles

Сообраќајната полиција на територијата на СВР Велес вчера изрече вкупно 63 мерки на возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната.

Zito akcija 640x289px

„На територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 63 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, информираат од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

СВР Велес најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересаира :

https://batali.net/31605/nad-30-iljadi-makedonczi-vikendov-go-pominaa-granichniot-premin-bogorodicza/