Во последните 24 часа се регистрирани 89 нови случаи позитивни на ковид 19 во земјава.
Најмногу се регистрирани во Скопје 39, а со двоцифрена бројка е и Куманово со 10. Во Прилеп има нови осум позитивни случаи, Охрид и Штип со четири, по три нови случаи има во Струга, Кавадарци и Берово. Два има во во Гостивар, Делчево и Кичево, а по еден новозаразен има во Тетово, Битола, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Валандово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти, починати се седум лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 72, 84 и 65 години, еден од Прилеп на 65-годишна возраст, еден пациент од Тетово на возраст од 62 години, еден од Гостивар на возраст од 74 години и еден пациент од 58-годишен пациент од Кичево. Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.
Можеби ќе ве интересира: