Активисти од Велес велат дека секојдневно се трујат кучиња низ улиците, ги повикаа надлежните да реагираат

kuce

Од Здружението „Гласот на животните“ од Велес денеска преку МИА јавно апелираат до надлежните: полицијата, инспекциите и останатите институции во државата да го решат долгогодишниот проблем со труење на кучиња. Да го откријат злосторникот или злосторниците на овие кривични дела и потоа соодветно да бидат казнети.

Zito akcija 640x289px

По последното синоќешно труење на куче, што се случи на главната улица, која води покрај пругата во велешката населба Керамидна, од „Гласот на животните“ потенцираат дека грозоморната слика на отруени кучиња не е опасност само за четироножните миленичиња, туку и за луѓето, а особено за најмалите децата.

Agria

Мери Стојкова од „Гласот на животните“ посочи дека труењето на кучиња со отров стана секојдневие низ велешките и улиците во земјава. Тие скоро секојдневно се известени за некое отруено животно, а според нивната евиденција годишно биле отруени и над 150 кучиња. Потенцираат дека вистинската бројка на отруени кучиња е далеку поголема. Таа посочи дека труењето на кучиња низ велешките улици е зголемено посебно во последниве пет години.

„Синоќешниот случај на отруено куче за жал е многу често појава, скоро секојдневие по велешките улици. Ваквиот настан е само показател за нашето домашно воспитание и како ние гледеме на сечиј живот кога не се работи за нас луѓето.Сакајќи да се докажеме дека сме на врвот на пирамидата, се што е покревко од нас го уништуваме, почнувајќи од растенијата па се до животните. Ова што се случи синоќа со труењето на куче за жал е секојдневие во Велес и сторителот не смее да остане само како уште еден од трујачите на кучиња без притоа соодветно да биде санцкиониран од надлежните инститиции, па дури и со казна затвор“, посочува Стојкова. Од Здружението „Гласот на животните“ од полицијата бараат да им помогне на сите нивни, како што велат, уредно поднесени пријави за отруени кучиња низ градот. Стојкова потенцира дека во отсуство на заштитата од надлежните институции, тие како здружение прават напори да го спасат секое животно од труење со тоа што ќе го вдомат, најчесто кај семејство во странство.

„Ние не правиме бизнис, туку како членови на оваа здружене секое свое слободно време наместо со семејството, им го посветуваме токму на овие оставени кучиња. Да ги излекуваме и вратиме во живот бидејќи за жал најчесто се отфрлени во нашето општество. Ние потоа правиме напори да ги вдомиме овие бездомни кучиња, најчесто во странство кај некое семејство, кое со љубов и внимание ќе се грижи за овие кучиња“, појасни Стојкова. Апелира и до останатите граѓани да им се приклучат на активностите за спас на миленициите од труење низ велешките и улиците низ земјава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37961/video-karaorman-go-nadigra-borecz-vo-struga/