Ангела Петрушевска најдобар млад автор на стрип натпреварот во Ваљево, Србија

Денес  во Ваљево, соседна Србија свечено ќе биде отворен шестиот Ваљевски стрип фестивал. Организатор на истиот е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град како и Центарот за уметност на стрипот од Белград.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На овој фестивал, меѓу другите содржини ќе се доделат наградите од стрип конкурсот објавен уште есента 2022 г и организира изложба од делата по истиот конкурс. Меѓу другите ,во категорија на најдобри стрип автори до 18 г, првото место го освои Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски “ од Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Веќе традиционално,специјална награда за педагошка работа добива Стрип центар на Македонија со седиште во Велес Треба уште да се истакне дека специјално признание доби и наменскиот проект  „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “(Роми з.а ) имплементиран од Македонскиот стрип центар-Велес  и Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико,Скопје.

„Мојата организација уште од своето формирање , мегу другото, отвора врати на мегународна соработка со други земји. Да потсетам дека во склопот на Ваљевскиот стрип фестивал во 2019 г беше отворена и изложба на современи македонски стрип автори а јас бев присутен како специјален гостин на истиот фестивал. Околу фестивалот во Ваљево можам да кажам дека спаѓа во редот на бројни вакви настани во соседна Србија и е од оној тип кој овозможува блиска комуникација помегу присутните учесници. За младата Ангела Петрушевска , на крај,можам само дека со својот ентузијазам и трудољубивост граби со цврсти чекори напред .Таа се повеќе прераснува во вистински амбасадор на македонскиот стрип центар  а наскоро тоа ќе го потврди со свое учество на конкретен настан надвор од државата .Но, затоа ,потоа!“, изјави Томе Трајков, програм координатор во Стрип центарот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38782/promovirana-knigata-veles-za-vreme-na-balkanskite-i-prvata-svetska-vojna-1912-1918-od-d-r-gorgi-malkovski/