Доделени награди и признанија по повод 9 Ноември, Ден на Oпштина Велес

На свечена седница на Советот на Општина Велес, која се одржа во велешкиот театар, беа врачени и деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Наградата за животно дело ја доби  проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Инститот за македонски јазик „Крсте Миcирков“ за нејзината работа од областа на науката. Плакети 9 ноември добија велешка Маслодајна, историчарот Марин Клифов и  Никола Тодоровски од „ЈООПОНЕ“.   

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Благодарници добија Игор Мицевски Скакар, Клементина Војдиновска, Јован Јовановски,  пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски,  Александар Јолдашев, Рамадан Атилов и Роберто Шакиров кои беа на помош за настраданите од земјотресот во Турција,  Александар Игевски, Ѓоре Андовски, Сашко Иванов, Бобан Арсеновски припадници на армискиот тим за заштита и спасување, Трајче Малинов, како и фурна Гемиџии.  

Пофалница добија  Васил Богоeвски, Ели Апостоловска, Ерѓул Усеинов, Ања Саздова и Иле Чингаров. Признанието „Ѓорѓи Шоптрајанов“за нај студент го доби  Бојана Кацарова.

Можеби ќе ве интересира: