Доделени признанија на најдобрите крводарители во Велес за 2022 година

Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес вчера ги додели признанијата за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2022 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Признание за 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев. Признанија  добија и  Сашко Хаџи Арсов Николче Несторов, Драге Станчевски, Даниела Петровска, Дарко Атанасовски, Илиевски Гоце, Ален Давчевски, Бојан Станчев, Сашо Новачев и Јово Стојков  кои својата рака ја подале педесет пати.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2022 година и за поддршка на крводарителството Благодарница им се додели на: Здружение „Велес Бајкинг“, Основна организација на Црвен крст Градско, ССОУ Коле Неделковски и Горан Богоевски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36970/oblachno-so-severen-veter/