Драстично намален бројот на новозаразени велешани

Veles most

По подолго време бројката на новозаразени од ковид 19 во Велес е под 20, денес се регистрирани 12 нови позитивни случаи. Бројката на активни случаи во Велес е 770. Сепак според бројот на тестирањата сеуште секој трети граѓанин е заразен со ковид 19.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17,  Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1,  Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4.  

Agria

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти, починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран – ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г). 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15918/koronavirusot-zema-ushte-zhrtva-vo-veles/