Експлозија на грип, ковид или други вируси?

Veles Januari gradski saat

Грипот коси. Ординациите се преполни со болни пациенти, инфективните одделенија на болниците се полнат. Болеста не бира возраст, а симптомите слични велат матичните лекари.

Zito akcija 640x289px

Пациентите се жалат на болки во грлото и мускулите, омалаксаност, температура, а болеста е често проследена со кашлица. Временските прилики се идеални за појава на вируси на грип, велат лекарите, а како една од причините за респираторни проблеми го наведуваат и загадениот воздух.

Содржината продолжува по рекламите:

Agria

„Пред два,три дена не се дишеше во ниту еден град во Македонија. Тука треба да видиме зошто нема ружа на ветрови коишто сите тие честички и загадувања би ги однела. Вториот момент е, празници се, голем број од младите беа оскудно облечени, на прославите се пијат ладни напитоци на овие ниски температури“, изјави др. Лилија Дервишова Чолакова- матичен доктор.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последната недела од минатата година регистрирани се 347 нови случаи, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната недела. Притоа, откриени се и 30 случаи со ковид 19. Најголема стапка на зараза со грип има кај децата од 5 до 14 години. Сепак, лекарите смируваат, сите пациенти се згрижени и нема место за паника.

„Поголемите градови каде што има болници, луѓето веднаш одат и бараат помош таму. Додека во помалите градови каде што нема болници и функционира на ниво на матичен доктор, нашите пациенти со бронхит и бронхопневмонија ги лекуваме ние матичните доктори, и не сме дозволиле во ниту еден момент дури и кога имаше пандемија не се дозволи од страна на примарното здравство да биде блокиран болничкиот систем, така да и сега нема место за паника“, изјави др. Лилија Дервишова Чолакова- матичен доктор.

Да се консумираат витамини и топли напитоци, да се јаде овошје и зеленчук, препорачуваат лекарите. Тие апелираат до пациентите за своите симптоми да се консултираат со доктор и да не се земаат лекови на своја рака, особено не антибиотици без препорака на лекар.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35351/bozhikna-liturgija-vo-czrkvata-sv-vmch-pantelejmon-vo-veles/