Фестивал на античка драма „Стоби“ од 17 септември до 1 октомври

Деветнаесеттото издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, кое од 17 септември до 1 октомври ќе се одржува во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“, во Велес, ќе биде отворено со претставата „Антигона“, според Софокле, во режија на Диего Де Бреа, а во продукција на „Београдско драмско позориште“ од Србија. Годинава програмата се одржува под мотото „Во нови слики“ и со дополнителни старо-нови содржини.

Zito akcija 640x289px

Годинашната програма во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off – програма на фестивалот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На 1 октомври, во чест на лауреатите, на сцената на Велешкиот театар свој настап ќе има Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, на музика на Калиопи, кореографија на Олга Панго и либрето на Сашо Димоски.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32560/veleshanka-prijavila-deka-vo-hotelska-soba-ja-napadnalo-bivshoto-momche/