(ФОТО) Феро Инвест учествуваше на INTERSOLAR – Светскиот саем за соларна енергија во Минхен 

Saem za solarna Minhen

Групацијата Феро Инвест учествуваше на најголемиот светски саем за соларна енергија – Intersolar 2023 кој се одржа во Минхен, Германија. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Делегацијата на Феро Инвест се сретна со светски познати компании од секторот за производство на електрична енергија од фотоволтаични електрични централи, а целта беше да се разменат искуства и знаења за примена на најсовремените методи и практики во оваа област на обновливите извори.  

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Беа зацврстени партнерските односи со светски познатите компании Trina, специјализирани за соларни панели, Goodwe за инвертери за електрични централи, PV Case за софтвери за проектирање и многу други кои се специјализирани за одредени сегменти во изградба и одржување на фотоволтаични електрични централи. 

Посебен акцент беше ставен на средбите со производители на батериски системи за складирање на електрична енергија, како дел од проектираните цели на Феро Инвест да биде првата македонска компанија која ќе инсталира ваков систем во фотоволтаична електрична централа. 

Intersolar e најголемиот светски саем за соларна енергија, а оваа година собра на едно место околу 2.500 компании од 57 земји во светот, кои ги изложуваа своите производи и услуги, а над 105.000 лица го посетија саемот.  

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/39156/uapsen-veleshanecz-koj-nosel-droga-na-bratot-vo-zatvor/