(ФОТО) Обраснат и запуштен „Паркот на срцата“ на езеро Младост

Инклузивниот „Парк на срцата“ на велешкото езеро Младост, кој пред една година беше ставен во употреба, е тотално запуштен и обраснат со трева. Иако е често посетуван од децата, околу реквизитите е израсната висока трева, која одамна не е искосена.

Zito akcija 640x289px

Не се води грижа ниту за урбаната опрема која е поставена, па дел од неа е искршена, како и таблата со името на паркот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализираше Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес.

Беше пуштен во употреба лани на 15 август.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32752/bugari-so-izmama-se-obidele-da-zemat-20-000-evra-od-65-godishna-zhena/