Над 150 граѓани меѓу кои претставници на Граѓански здруженија, училишта, вработени во општинската администрација, волонтери на Црвен крст, ЈКП ,,Дервен“ и други, вчера се вклучија во акцијата ,,Генералка викенд“.
Тие го исчистија од отпад шумскиот појас кон село Сопот и стариот пат кон Скопје и собраа 20 кубни метри отпад. Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.
,,Јас сум исклучително многу задоволен затоа што има голем број на граѓани и граѓанки кои се влучија во акцииите за почиста животна средина. Тоа уште еднаш потврдува колку велешани имаат силна еколошка свест и совест. Мислам дека ќе постигнеме голем резултат и ќе упатиме добра порака. Сакам да им се заблагодарам на сите учеснички и учесници за поддршката на оваа акција како и на Европската унија, на Пакомак и на сите други компании кои што дадоа свои донации за реализација на оваа акција“, рече Коцевски.
Акција за собирање на отпад се спроведе и на Островот на река Вардар кај Градскиот парк. На оваа акција учествуваа претставници на ЗБВП ,,Македонски спасител“, ЗГ ,,Грин Пауер“ и ЈКП ,,Дервен“ и собраа околу триесетина вреќи отпад.
Еко акцијата се реализираше во рамки на големата еколошка акција ,,Викенд генералка“ во организација на компанијата ,,Мен енд маунтен“ а со поддршка на министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“.
Делегацијата на Европска Унија годинава се вклучи во „Генералка викенд“ со нивната иницијатива „За чисто како дома исто“. Во акцијата за поубав и почист Велес, изминативе денови учествуваа и ученици од основните училишта и децата од градинката ,,Димче Мирчев“.
Можеби ќе ве интересира: