Голем број на граѓани од денеска ќе можат да се вакцинираат со вакцината на кинескиот производител „Синовак“

vakcinalen punkt - Veles

Во вакциналните пунктови низ државата од денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“, откако истата ги помина сите потребни законски процедури, соопштија од Министерството за здравство.

Zito akcija 640x289px

„Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус, односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината ‘синовак’  нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3-годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината ‘синовак’ се препорачува и за доилки и трудници“, велат од Министерството за здравство.

Agria

Според министерството, вакцинацијата со „Синовак“ се одвива речиси во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе почне од утре.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21909/igraniot-film-dedo-i-vnuk-go-osvoi-romanski-oskar-za-najdobra-kamera/