Хуманитарна промоција на книгата “Велешки разговорник” од Ивана Јанушева и Ангелина Тутаркова

Пред многубројните присутни беше промовирана првата книга од нашите роднокрајни авторки Ивана Јанушева и Ангелина Тутаркова. Овој настан имаше хуманитарна цел, сите собрани средства од книгата ќе бидат донирани за социјално-загрозени семејства од нашиот град.

Zito akcija 640x289px

Промоцијата ја отвори Директорката Снежана Бошевска искажувајќи задоволство што полиците на библиотеката ќе бидат побогати за уште едно значајно роднокрајно дело охрабрувајќи ги авторите да продолжат да творат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Маестрално излагање за книгата имаше промоторот Надица Ристова- дипломиран професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности, која го истакна значењето на делото. Посочи дека во него се собрани сите карактеристики на нашиот велешки говор. Книгата лесно може сите да не насмее,а младите да го дознаат литературното значење на изразите.

Промоцијата на книгата беше збогатена и со кратка драматизација од страна на Ведран Трифунов и Викторија Талевска ученици од ССОУ “Коле Неделковски”. За настанот да биде целосен и во убава атмосфера се погрижија Сандра Јорданова, Душан Банев и Јованче Банев со прекрасни музички точки.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35114/denes-pochnuva-isplatata-na-dekemvriskite-penzii/