Истрага за хероин пронајден кај патник во автомобил на наплатната станица Сопот

heroin pakuvanje

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен велешанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот на 20 јули неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во количина од 26,76 грама. Дрогата ја купил од Скопје по што со автомобил управуван од негов пријател се враќал кон Велес, движејќи се по автопатот А1. На наплатната станица Сопот овластени полициски службеници од СВР Велес го сопреле возилото и констатирале дека наркотичната дрога ја држи во џебот.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство и да ја попречува истражната постапка со влијание врз сведокот како и основан страв дека може да го повтори делото, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31462/vozach-povreden-vo-soobrakajna-nesreka-vo-veles/