Николовски од Делчево: Македонците дома, а нашите производи во странство, тоа ќе биде идното мото на истокот

Tribina SDSM 07.07.2020

Коалицијата „Можеме“ вечерва одржа трибина во Делчево. Пред присутните свое обраќање имаа носителите во ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска. Се што СДСМ вети, исполни една третина од ветеното за само две и пол години рече пред делчевчани Шахпаска.

Zito akcija 640x289px

„Ќе почнам од негователките и воспитувачките во градинките кои се мотивирани затоа што имаме 43 нови градинки, а во следниот мандат ќе имаме 7.500 места за сместување на децата во градинките. Пензиите пораснаа за 1700 денари за нецели две години. Воведовме државна пензија за наши граѓани за да живеат достоинствено. Во сферата за лица со попреченост донесовме вистинска реформа, административно решавање на негата за брз рок. Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто. Голем број на деца добија 8 пати повеќе детски додаток. Воведовме образовен додаток, сакавме децата да ги извадиме од раскрсниците во Скопје за да учат. Рековме ќе ги вратиме парите кај граѓаните, а преку радиодифузна такса и евтина струја во секое семејство на секои три месеци од тоа влегуваат плус средства. Имаме 5500 денари повисока минимална плата за повеќе од 100 илјад граѓани. Ова го говориме врз основа на она што го правиме“, рече Шахпаска.

Agria

Почитувајки ги мерките за заштита од коронавирусот Шахпаска порача до граѓаните на 15 јули да го заокружат бројот 3 затоа што СДСМ може уште повеќе и уште подобро, додаде Шахпаска.

Ljupco Nikolovski 07.07.2020

Во својот настап пред делчевчани, носителот на листата во Третата изборна единица Љупчо Николовски истакна дека ова е завршен настан на коалицијата во оваа изборна единица, а за него било чест да се биде помеѓу граѓаните на Истокот во изминатите неколку дена.

„Им благодарам на тие граѓани за она на што треба да се обврземе и да го работиме во наредниот период. Колку патишта како булеварот, Делчево Ѕвегор, Делчево Пехчево, како градскиот пазар, како многу проекти кои ќе се реализираат, колку такви проекти ќе беа реалност ако парите не се инвестираа во стиропор како Белата Палата или Скопје 2014. Граѓаните ставија крај на тоа во кое во минатото се окупираа и делчевски фирми, хараа овде инспектори, ги уценуваа луѓето и знам ладно беше кога решивме да ставиме крај на тој режим, ладно е и денес, а тоа значи дека ќе победиме за големо изненадување, од тука ќе ја пратиме пораката за крај на режимот“, рече Николовски.

Тој рече дека нема дамка зад ниту еден кандидат во ИЕ 3, и затоа пред граѓаните зборува со чист образ.

Извор: opserver.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/8040/na-sloboda-dvajczata-shtipjani-shto-pretepaa-devojka/