Кластер “летување” најголем во Велес

Veles.BG

Три четврини од новоинфицираните велешани во последниот период се заразени во туристичките центри Охрид, Струга, но и летувалиштата во Албанија, покажале анализите на Центарот за јавно здравје Велес. Сепак, оттаму состојбата во Велес ја оценуваат како стабилна, но апелираат да нема опуштање и да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Ова се дел од оценките на Кризниот штаб кој утрово одржа состанок. Досега нема регистрирани нови заразени велешани во последните 24 часа, но не се исклучува можноста во текот на денот оваа ситуација да се промени, доколку пристигне резултат од тестирање во приватни лаборатории.

Agria

Во моментов осум пациенти од Велес и велешко со ковид-19 се лекуваат на инфективното одделение во велешката болница, а 19 заразени велешани се дома. Исто така, во болницата во Велес се хоспитализирани и петмина светиниколчани. Од вкупно 13 пациенти во болницата, 10 се со полесна клиничка слика, а тројца добиваат кислородна поддршка. Досега во Велес се регистрирани 265 заразени, од кои 225 оздравеа, а 14 починаа.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10992/trojcza-povredeni-vo-soobrakajka-na-patot-veles-izvor/