Комеморативна седница по повод смртта на академскиот сликар Ангел Петров се одржа денеска во Општина Велес. На комеморацијата присуствуваше семејството на Петров, негови пријатели и колеги, но и граѓани од општествено-политичкиот живот од градот.
Од Ангел Петров се простија градоначалникот на Велес Аце Коцевски, кој зборуваше за ликот и делото на најпознатиот академски сликар од овој град и Гоце Алексоски, директор на Гимназијата Кочо Рацин, каде што Петров помина значаен дел од својата просветарска работа, како професор.
Погребот ќе се изврши денеска во 12 часот, на гробиштата на црквата Св. Пантелејмон во Велес.
Ангел Петров почина завчера, во 87 година од животот. Тој е еден од најзначајните современи сликари во Македонија, уметник чија животна инспирација беше Коста Солев Рацин, сликар кој наслика убедливо најмногу портрети на Рацин.
Можеби ќе ве интересира: