Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес, на локации на автопатот А1 во правец Градско – Велес реализираа превентивна активност од кампањата за важноста на обврската за користење зимска опрема.

Zito akcija 640x289px

Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска што од вчера стартуваше – за задолжително носење на зимска опрема, се до 15 март следната година, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа на објективната потребата како на употребата на зимската опрема, така и на проверката на нејзината исправност и исправноста на возилата. А се со цел зголемување на безбедноста, како лична така и на другите учесници во собраќајот.

Содржината продолжува под рекламата:

Agria

Исто така на возачите им беше укажано и за казнените законски одредби што произлегуваат од непочитувањето на задолжителното носење на зимска опрема .

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34063/video-veleshkata-bolnicza-kupi-aparati-za-kolonoskopija-i-gastroskopija/