Квалитет на воздухот во Велес е категоризиран како „многу лош“

Veles Magla dekemvri

Според Европскиот Индекс за квалитет на воздух (Евроспка агенција за животна средина – ЕЕА), моменталниот Индекс за квалитет на воздух во Велес, Струмица, Прилеп, Гостивар, квалитетот на воздухот се категоризира како “многу лош” и тоа заради надминување на концентрациите на PM10 честички, додека во Битола заради зголемени концентрации на PM2.5 честички.

Zito akcija 640x289px

Согласно прогнозите на ЕЕА, состојбата во наредните 24 часа ќе остане речиси непроменета земајќи ги во предвид метеоролошките фактори.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Оттаму, заради превенција на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички) кои во моментов драстично се зголемени, Институтот за јавно здравје препорачува да се остане дома ако не треба да излегувате. Да се остане дома или намалете го физичкиот напор, особен на отворено, особено доколку почувствувате симптоми како што се кашлица или болки во грлото.

Возрасните и децата со проблеми со белите дробови, возрасните со срцеви проблеми и постарите луѓе треба да избегнуваат напорна физичка активност. Бремените жени треба да останат дома. Луѓето со астма може да откријат дека треба да користат почесто нивниот инхалатор. Ако треба да излезете, носете маски со докажана ефикасност.

Лицата со хронични заболувања редовно да ја земаат терапијата, а по потреба, доколку почувствуваат симптоми, веднаш да се јават кај својот матичен доктор или во болница. Избегнувајте престој и активности на отворено (спорт, рекреација).

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35117/humanitarna-promoczija-na-knigata-veleshki-razgovornik-od-ivana-janusheva-i-angelina-tutarkova/