Лишен од слобода 43-годишен велешанец откако во тоалет натепал негов сограѓанин, а по неколку дена починал

tepacka

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 43 години за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда (квалифицирана со смрт) од чл.131 ст.4 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот на 8 јули, во вечерните часови, во тоалетот на казино во Велес, тешко телесно повредил едно лице на возраст од 48 години. Како последица од нанесените повреди оштетениот починал.

Agria

Осомничениот го забележал оштетениот како игра на еден од апаратите во казиното, дошол до него и започнал вербална расправија. Потоа го однел во тоалетот каде физички го нападнал и со тупаници повеќе пати го удирал во пределот на грбот и слабините.

Со ударите му нанел тешки телесни повреди како последица на кои дошло до раскин на слезината на оштетениот и загуба на големо количество крв, па на 13 јули тој починал.

Бидејќи постои основан страв дека осомничениот доколку се брани од слобода ќе се даде во бегство, ќе влијае врз сведоците и со тоа ќе ја попречува истражната постапка и дека ќе го повтори истиот вид кривично дело, до судија на претходна постапка на Основен суд Велес е доставен предлог за определување притвор.​​

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31223/od-nokeska-na-polnok-namaluvane-na-naftenite-derivati/