Црвенковски го замрзна своето членство во СДСМ

Zaev Crvenkovski

Поранешниот премиер и шеф на државата, како и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, се огласи по повод интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Zito akcija 640x289px

Црвенковски повикува под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. 

Agria

До одржување на седницата на ЦО, Црвенковски вели дека го замрзнува своето членство во партијата. Тој вели дека изминативе седум години не сакал да биде присутен во политичката јавност, бидејќи додека СДСМ бил во опозиција не сакал на кој било начин да даде повод за напади кон партиското раководство или обвинувања дека спроведуваат политики под негово влијание.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16002/video-prevalecz-go-torpedirashe-mladost-od-krivogashtani/