Од следната недела угостителите со ново работно време

Kafici Veles

Од следната недела угостителските објекти наместо до 18:00 како досега ќе работат до 21 часот. Венко Филипче изјави дека Комисијата за заразни болести ќе го разгледа барањето на угостителите од 21 јануари да имаат работно време до 23 часот, но тоа ќе зависи од проценката на ситуацијата со вирусот деновиве, рече Филипче.

Zito akcija 640x289px

„Од 21 месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, а сите останати мерки остануваат во сила. Согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално  може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23:00 часот“ рече министерот за здравство Венко Филипче.

Agria

Работното време на угостителите од 18  декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците.

Иако бројот на новозаразени се намалува, не се исклучуваат нови мини пикови, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17703/eden-pochinat-i-13-novozarazeni-veleshani-od-kovid-19-vo-poslednite-24-chasa/