Опозицијата бара повлекување на Законот за попис

vmro-dpmne palata

Повлекување на Законот за попис или опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од истиот доколку биде спроведен без консензусот кој тие го бараат. Ова е ставот кој откако го изнесе од партиското седиште лидерот на партијата Христијан Мицкоски истиот се префрли и на собраниската говорница на седницата на која ова законско решение е пред пратениците.

Zito akcija 640x289px

Пратениците од албанскиот опозициски блок пак бараат посебна државна комисија која треба да го спроведе пописот која во својот состав ќе има и албанци, додека пак коалицискиот партнер во власта ДУИ велат дека пописот е дел и од она кое што е договорено со Пржинскиот договор.

Agria

Предлог законското решение предвидува и казни за оние кои ќе дадат лажни податоци . Со законот е предвидено глоба во износ од 200 до 300 евра да плати оној што ќе одбие да ги даде податоците што се бараат од него или ако даде неточни податоци.

На терен ќе излезат 5000 попишувачи и уште околу 500 контролори, а пописот ќе го прават на лаптоп компјутери и специјална апликација.

Законот за попис е во собраниска процедура со Европско знаменце. Токму тоа беше и една од повеќето забелешки кои ги имаа опозиционерите поради која тврдеа дека власта сака на сила да го истурка процесорт.

Извор: Телевизија 24

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17641/i-jutjub-go-blokirashe-amerikanskiot-pretsedatel-donald-tramp/