Утрово во земјава пристигнаа 200.000 вакцини на кинеската компанија„Синофарм“

sinofarm vakcini

Утрово во земјава стигнаа 200 илјади вакцини против коронавирусот од кинеската фирма „Синофарм“, кои се купени со директни преговори со производителот.

Zito akcija 640x289px

Министерот Филипче, кој ја пречека пратката заедно со кинескиот амбасадор Џао Ѕунг, кажа дека вакцинацијата ќе почне од 4 мај, вторник, во Скопје во „А1 арената Борис Трајковски“ и во спортски сали во шест градови во земјава. Дневно ќе се вакцинираат по 10 до 15 илјади луѓе.

Agria

Во наредниот период ќе стигнат уште 500 илјади вакцини на „Синовак“ и дополнителни 100 илјади кинески од „Синофарм“, како и уште 26 илјади од „Фајзер“.

Вакцината на „Синофарм“ се дава во две дози.  За разлика од вакцината на „Фајзер“ која треба да се чува на температура од – 70 Целзиусови степени, кинеската може да се чува во обичен фрижидер.

Вакцините ќе се чуваат во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Во моментов имунизацијата се одвива со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „спутник“. Досега се вакцинирани 55.926 граѓани, а пријавени се 207.332 граѓани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20399/visoka-brojka-na-pochinati-paczienti-kako-posledicza-od-kovid-19-vo-veles-brojkata-na-zarazeni-so-koronavirusot-pogolema-od-brojkata-na-ozdraveni/