Временска прогноза

Dozd

Времето во текот на денешниот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер, претежно од југозападен правец, а дневната температура ќе се движи од 7 до 14 степени. информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Zito akcija 640x289px

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои беа пообилни во втората половина од ноќта. Дуваше умерен, на места повремено засилен јужен ветер, кој во Прилеп достигнуваше брзина и до 45 километри на час.

Agria

До седум часот утрово, најмногу дожд наврна во Пожаране од 48 литри наквадратен метар воден талог, Тетово 39, Виница 36, Крушево 34, Скопје, Охрид, Гевгелија и Ѓуриште 26, Битола 25, Демир Капија 23, Петровец и Прилеп 22, Куманово 21, Штип, Струмица и Дојран 20, Крива Паланка и Берово 16 и Претор 12 литри на квадратен метар воден талог.

Утринава, висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесуваше 35 сантиметри.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/17580/na-infektivno-vo-veles-pochinaa-dvajcza-paczienti-od-kovid-19/