Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес!

По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во Македонија. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од целата држава и Европа ќе имаат прилика да присуствуваат на отворањето на оваа изложба закажана за овој петок со почеток од 20 часот во Ликовниот салон во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Изложбата „CAN for Balkans” е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”. На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Посетителите ќе можат да ја посетат оваа изложба посветена на историјата на Балканот се до 27 Март.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За сите фанови на 9-тата уметност неколку настани и промоции како претходница на големото финале, со специјални гости – Н.Е. Андреа Силвестри, италијански амбасадор во Македонија, Александар Стеванов и Бошко Караџов.

Настанот е во организација на Стрип центар на Македонија како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, а локални партнери се Општина Велес и ЛУ Народен музеј – Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36450/sledna-sredba-vuchik-kurti-vo-makedonija/