Нова инвестиција на „Брако“ за подобрување на производството во фабриката

Велешката фабрика „Брако“ инвестира 250 илјади евра за  целосна реконструкција и отворање нов објект во фабриката, во кој ќе се централизираат и поедностават завршните процеси на обработка на металните конструкции и елементи, пред тие да бидат вградени во крајниот производ.

Zito akcija 640x289px

Целта на поставувањето на новиот комплекс е значително да се намали вкупното време потребно за добивање на финален производ, на тој начин што ќе се скрати времето на изведување на работите, ќе се намалат трошоците за транспорт на материјали низ фабриката, ќе се зголеми ефикасноста и „Брако“ ќедобие поголема конкурентност во времето на изработка и испорака на крајниот производ до купувачот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Комплексот „Нова фарбара“ ќе обединува седум инфраструктурни единици кои досега беа распоредени на различни локации низ фабриката и во кои 80 високо квалификувани и обучени лица ќе работат на рачно и автоматско фарбање, информира Никола Неделковски, менаџер за површинска заштита кој е одговорен за овој дел од производството.

„Брако“ и „Феро Инвест“ и во услови на криза ја зголемуваат својата предност на пазарите, преку редовно инвестирање во производниот процес со кое се оптимизира работењето и се максимизираат можностите за производство.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33361/poraz-na-startot-od-sezonata-za-kosharkarite-na-borecz-basket/