Од билтенот на СВР Велес, велешанец осомничен за тешка кражба

SVR Veles

Велешката полиција во вчерашниот ден имаше полни раце работа. Лишен од слобода е 47 годишен велешанец кој физички ја нападнал својата сопруга, и 20 годишен велешанец кој се сомничи за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Zito akcija 640x289px

„На 24.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.Д.(47) од Велес затоа што околу 18.30 часот, по кратка вербална расправија, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е приведено во полициска станица“, соопштија од велешката полиција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Р.(20) од Велес поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тој, во периодот од 22.03.2022 до 30.03.2022 влегол во домот на В.К. од Велес на ул.„Цветан Димов“ и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“, информираат од СВР Велес.

По целосно документирање на случаите ќе следи соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32324/foto/