Во 72-та година од животот, синоќа почина велешкиот актер Љубе Терзиев. Терзиев до пензионирањето беш член на ансамблот на велешкиот театар Ј.Х.К. Џинот. За смртта на својот пензиониран колега, театарот објави на својата фејсбук страница.
“Со големо жалење ве известуваме дека синоќа ненадејно почина Љубе Терзијев (9 мај 1949 година, Скопје), долгогодишен член на нашиот ансамбл. Како актер прво работи во Народниот театар во Штип од 1971 до 1975 година, а во Народниот театар „Јордан.Х.К.Џинот“- Велес е од 1975 година се до пензионирањето во 2014 година” сооштија од велешкиот театар.
Содржината продолжува под рекламата
Тој има остварено голем број на театарски улоги меѓу кои посебно се издвојуваат Џими во „Вејка на ветерот“, Јасон во „Медеја“ , Ампо во „Чорбаџи Теодос“ , Герард во „Младоста пред суд“,Оливер Кромвел во „Кобното тркалце“,Цермонијал Лужин во „Злосторство и казна”, Липовски во „Кукавично јајце“, Чорбаџи Миладин во „Сомнително лице“,Бордир во„Крал Иби“,Жевакин во „Женидба“,Супериус во „Пеш“, Господинот Диманш во „Дон Жуан“, Мисајле во „Хамлет од Долно Дивјаци“, Степан во „Предлог за брак“(„Брачни понуди“), Господ во „Утешение грешним“,Духот на Едип во „Антигона“,Кадмо во „Бакхи“, Василие во „Радован III-ти“,Џон Фримен во „Четвртата сестра“ и други.
Можеби ќе ве интересира: