Повторно нападната вработена во велешка продавница

Veles crkva

Вработена во велешка продавница вчера пријавила дека пред објектот во кој работи, била нападната од 68-годишен човек. Инцидентот се случил вчераутро околу 10 часот, во продавница на главната улица во Велес, соопшти полицијата.

Zito akcija 640x289px

„На 23.02.2021 год. во СВР Велес е пријавено дека околу 09.50 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, пред продажен објект, вработената А.Д.(34) била физички нападната од К.С.(68). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Agria

За краток временски период, ова е втор напад на продавачка во Велес. Пред десетина дена во продавница во Велес 61-годишен велешанец прво вербално, а потоа и физички нападна 37-годишна продавачка, удирајќи и шамар, бидејќи сметал дека сметката која ми ја наплатила не била во ред.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/18814/protest-na-ugostiteli-fotostudija-i-muzichki-bendovi-na-masa-da-pregovara-sedna-i-ministerot-bitiki/