Повторно сообраќајна несреќа во Велес, автомобил заврши во канал

Сообраќајна несреќа се случи утрово на улицата Раштански пат, во близина на велешката фабрика Киро Ќучук.

Zito akcija 640x289px

Како што се гледа на фотографиите, автомобилот удрил неколку дрвја и паднал во канал кој се наоѓа веднаш до коловозот.

Agria

Во моментов полицијата е сеуште на лице место и врши увид.

Детални информации за тоа каква е состојбата на возачот очекуваме во текот на денот, при што навремено ќе ја информираме јавноста.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34961/vozach-udri-zhena-na-pogrebot-na-malata-magdalena-i-se-obide-da-pobegne/