(ВИДЕО+ФОТО) Велешанец загина во пожар во својата куќа кај Црна Џамија

Велешанец загина во пожар кој избувна утрово околу 3:45 часот, во неговата куќа на улица “Коле Цветков” во велешката населба Црна Џамија. Според првичните информации загинал сопственикот на куќата М. Ц. на возраст од околу 58 години. Спoред се уште непотврдени информации, трагедијата можела да биде уште поголена, откако по избувнувањето на пожарот од силниот чад се задушил и братот на починатиот, кој прв стигнал на помош. Сепак, лекарите од итната помош му пружиле медицинска помош и го спасиле.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px
Opozarena kuka Crna djamija

Пожарникарите добиле пријава за пожар во 3:55 часот, по што шест пожарникари со две возила успеале да го изгаснат огнот околу 5 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кога стигнала, брзата помош само констатирала смрт кај 58-годишниот М.Ц.

Во моментов јавен обвинител и лица од крим техника вршат увид за да се утврдат причините за настанување на пожарот. Повеќе детали очекуваме во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36912/angelche-ivanov-prizna-vina-za-smrtta-na-malata-magdalena/