Промовирано првото дело на велешката професорка Татјана Трчкова

Книгата „Во сенката на шинелот“ дело на познатата велешка професорка по филозофија Татјана Трчова, деновниве доби своја промоција. Делото, инспирирано од мисла на францускиот филозоф Жан Пол Сартр дека „пеколот не е на небото, туку на земјата. Оставете ги луѓето да живеат заедно, сами ќе го создадат пеколот, кој е посилен од фантазијата на Данте“, е посветено на нејзиниот татко, кој бил комунист, разоран од идејата на реализацијата на комунизмот.

Zito akcija 640x289px

„Книгата не е ниту историска ниту биографска. Таа е посветена на татко ми борец од НОБ, комунист, разочаран од идејата како се реализирал комунизмот за кој се борел и разочаран по падот на социјализмот во 90-тите и промените кои дојдоа. Борбата за независност на ова парче земја е сведена на гола идеологија. Татко ми ја бара смислата низ животот низ сите три времиња, војната, комунизмот и по падот на социјализмот“, рече авторката Татјана Трчкова во своето обраќање на промоцијата на книгата.

Содржината продолжубва под рекламата

Agria

Романот се состои од два дела. Првиот е насловен „Старецот и тишината“, а вториот „Сонот на Марија“. Тематика е за балканските сеништа, кои провејувале на овие простори последните стотина години, испреплетувајќи се меѓу себе и во едно такво време расте и се оформува таткото на авторката, Тодор Трчков.   Книгата е пишувана во форма на раскази, кои ретроградно се градат меѓу сегашноста и минатото, меѓу сонот и јавето.

Содржината продолжубва под рекламата

„Авторката го исполнува ветувањето дадено на татко си, дека ќе ги оттргне од заборав сеќавањата, кои не се само негови“- рече промоторката на книгата, професорката по литература Светлана Ќулумова.

Во рецензијата, проф. д-р Христина Николовска го окарактеризира делото на Трчкова како сјаен роман, дело кое го преосмислил нејзиниот живот.

„Ова е дело кое поставува прашања, редефинира поими, кое објаснува на нас преку интересен начин, преиспитувања, полемички објаснувања, вера наспроти верба, истрајност, борбеност, лична наша револуција. Многу филозофски роман, со интересен заплет, преку сеќавања, реминисценција, развива длабока филозофска порака, праќаат силна порака. Роман кој силно ќе не замисли, потребен на сегашната денешница. Особено актуелен, иако пишува за минатото, не насочува кон иднината. Татјана е голем уметник, голем филозоф, голем учител, од кој можеме многу да научиме. Има универзални пораки и најтопло го препорачувам“, рече Николовска.

Можеби ќе ве итересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: