Работничките од „Олив пак“ добија К-15, а инспекција влезе во компанијата

Работничките од велешката фирма „Олив пак“ добија К-15. На нивните сметки вчера легнаа парите од регресот за годишен одмор, поради кој завчера тие излегоа на протест пред фабриката, Во исто време, трудовата инспекција влезе во просториите на компанијата и во Велес и во Кочани. Инспекторите ќе ја разгледуваат документацијата за исплата на плати за последните четири месеци од минатата година, како и исплатата на регресот за годишен одмор.

Содржината продолжува под рекламите

Zito akcija 640x289px

„Нашите инспектори ги земаа потребните документи и доколку има потреба од дополнителни, ние повторно ќе влеземе во седиштето на компанијата во Кочани и во производствениот погон во Велес. Постапката ќе трае неколку дена, а за неа ќе подготвиме записник“, рече Јована Тренчевска, директорката на Државен трудов инспекторат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ова доаѓа еден ден откако педесетина работнички од фабриката за полнење маслики „Олив пак“ излегоа на протест, поради неисплатен К-15, но и поради исплата на плати под законскиот минимум, лошиот однос на раководството кон нив и непостапувањето на инспекциските служби на нивните поплаки.

Содржината продолжува под рекламата

Откако медиумите објавија за нивните маки и за тоа се обратија до Државниот трудов инспекторат, инспекцијата излезе на терен, а работничките го добија законскиот регрес за годишен одмор.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: