СДСМ Велес: Mнозинството во советот на Општина Велес повторно посегаат во џебот на граѓаните

SDSM SOVETNICKA GRUPA

Советничката група на опозициската СДСМ со реакција на предлогот на Советот на Општина Велес да се зголеми за 100 % цената за собирање и транспортирање на отпад како за домаќинствата така и за фирмите наиде на остра реакција на советничката група на СДСМ. Од локалната опозиција вчера на прес конференција соопштиja дека остро ќе се спротистават затоа што одлуката била спротивна на закон и на надлежностите што ги има Советот на општина Велес.

Zito akcija 640x289px

Во продолжение ви ја пренесуваме целосната прес конференција на советничката група на СДСМ-Велес

Agria

Почитувани велешани,

На денешната 30та седница на Советот на Општина Велес како 4та точка на дневен ред е поставена предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски неопасен отпад на територијата на Општина Велес со која одлука се предлага поскапување од 100% на цената за собирање и транспортирање на отпад и тоа за физички и правни лица.

Ве известување дека ваквата одлука е спротивна на одредбите на законот за управување со отпад бидејќи согласно истиот закон, давателот на услуга е должен од крајниот корисник да ја наплати цената за услугата со управување со отпад според тарифата за отпад чија висина е пресметана согласно правилникот за тарифа за отпад која е одобрена од страна на регулаторната комисија.

Имајќи го во предвид ова истакнуваме дека Советот на Општина Велес не е надлежен да врши било какви корекции во однос на утврдување на цената за собирање и транспорт на комунален и индустриски неопасен отпад, туку за ова е исклучиво надлежна регулаторната комисија.

Ве известуваме дека нашата советничка група, категорично ќе се спротистави на ваков незаконски начин на велешани да им се наметнат поголеми комунални обврски.

Поради сето ова сметаме дека локалната власт на ВМРО ДПМНЕ Велес во немоќ и неспособност да оствари било каков проект кој ќе донесе корист на граѓаните, едниствено е способна на незаконит начин да изнудува и троши пари од граѓаните кои ги троши за плаќање на партиските вработување, се вели во соопштението на советничката група на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36354/firmite-ne-gi-namalija-czenite-na-hranata-pa-ke-ostanat-bez-subvenczionirana-struja/