Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 44 пациенти, што е за осум пациенти помалку од вчерашниот ден. 31 имаат позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителени на вирусот, а 10 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 15 пациенти.
Уште еден пациент ја изгуби битката со коронавирусот. Во велешката болница почината е пациентка од Велес на 81 годишна возраст. Таа е 246 жртва на коронавирусот во Велес и велешко.
Содржината продолжува под рекламат
На инфективното одделение се сместени 16 пациент, во Модуларната болница има 21 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат седум пациенти. Во велешкиот ковид центар има 56 слободни кревети, од кои 34 се на инфективното одделение, и 22 слободни кревети во Модуларната болница.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа нема хоспитализирано пациент во ковид центарот, испишани се шестпациенти со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: