Шумски пожар над селата Ореше и Папрадиште изгаснат од мештаните

Шумски пожар кој избувнал вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните.

Zito akcija 640x289px

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн чад – шумски пожар на отворено каде горело дабова шума.

Содржината продолжива под рекламата

Agria

Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор.  Пожарот е изгаснат денес од страна на мештаните, се наведува во соопштението на РЦУК.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31300/erdin-zejnelov-go-osvoi-sedmoto-mesto-na-ep-vo-zagreb/