Со дискусија за нутритивната вредност на овошјето промовирана книгата „Овошјето храна и лек“

Со активна дискусија помеѓу авторите и ученици од повеќе средни и основни училишта од Велес во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата „Овошјето храна и лек“ од авторките проф. д-р Ана Селамовска и проф. д-р Елизабета Мискоска- Милевска.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Авторката проф. д-р Ана Селамовска даде осврт на овошните видови кои што се појавуваат на нашето климатско подрачје, меѓутоа и за овошните видови кои што се среќаваат на пазарите кај нас.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Во книгата се разработени 33 овошни видови, и даден е осврт на потеклото, распротанетоста, информации за стопанското значење, хемискиот состав, лековитоста“, истакна проф. д-р Ана Селамовска.

Употребливата вредност на овошјето зависи од хемискиот состав, значи хемискиот состав е тој што ја детерминира употребливата вредност на овошјето, истакна проф. д-р Елизабета Мискоска-Милевска.

„Идејата за пишување на оваа книга беше првично да се понудат информации до пошироката читателска јавност, не само за стручната, но истовремено да се смени перцепцијата за овошјето, односно да не се гледа кон него како храна, туку истовремено и како лек“, изјави проф. д-р Елизабета Мискоска-Милевска.

Ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ Велес приготвуваа овошни салати кои сите присутни можеа да ги дегустираат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37562/ischisten-odronot-na-avtopatot-skopje-veles-soobrakajot-normaliziran/