Со мотор се забиле во паркирано возило на регионалниот пат Велес – Градско, две лица повредени

Postavuvanje zica Veles - Gradsko

Две лица се повредени откако мопед „кимко“ се забил во паркирано возило на регионалниот пат Велес – Градско.

Zito akcija 640x289px

„На 19.03.2024 во 16.25 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес
– Градско, мопед „кимко“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.С.(30) од Велес,
удрил во паркирано патничко возило „бмв“, паркирано од Д.Т.(32) од Велес. Во несреќата со
тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Т.С., а со телесни повреди се здобила
сопатничката на мопедот Е.С.(24) од Велес, констатирани во болницата во Велес“, соопштија од велешката полиција.

Agria

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.