Со нож нападната велешанка откако сакала да пријави тепачка во велешката полиција

SVR Veles policija

26-годишен велешанец во полициската станица со нож ја нападнал девојка која пријавила тепачка. 

Zito akcija 640x289px

Поради тепачката освен 26-годишниот напаѓач, уапсени се уште пет лица, на возраст од 24 до 62 години. 

Agria

„На 18.10.2022 во 00.20 часот во Полициската станица Велес бил приведен и задржан К.Ѓ.(26) од Велес, затоа што во полициската станица се обидел со остар предмет да ја нападне С.А.(23) од Велес. Имено, С.А. дошла во станицата да пријави нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на 17.10.2022 околу 23.15 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев” во Велес, за што од слобода биле лишени А.Ш.(34), Д.М.(33), С.М.(62), А.Ѓ.(27) и А.К(24), сите од Велес, а во која учествувал и К.Ѓ.“, соопштија од полицијата.

Полицијата по целосно документирање на случајот ќе поднесе соодветна пријава. 

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33366/gonzalo-iguain-stavi-kraj-na-bleskavata-kariera/