Спасиќ за СТУДИО 10: Кајакарството е традиција во Велес уште од гемиџиите

spasik ljupce

На Европското првенство во кајак учестуваа 18 земји. Натпреварите кои се одржуваат на река се натпревари во диви води, додека оние што се одржуваат во канали и на езера се на мирни води. Традицијата во кајакарството во Велес започнува со гемиџиите кои скалареле. Ова е традиционален спорт во Велес. Од десет клубови во земјата, пет се од Велес и има над 200 натпреварувачи, дел рекреативци а дел професионалци, вели кајакарот Љубомир Спасиќ, директор на Европското првенство, во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Кајакот на диви води се дели на спуст и слалом. Ние имаме традиција од 50 години во кајак-слалом и тоа е спуст низ т.н. врати. Кајак-спусот нема врати има само старт и финиш и натпреварувачите треба што побрзо да ја поминат патеката“, објаснува Спасиќ.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во врска со учеството на Олимпијада, Спасиќ вели дека Ангелче Петрушевски има успеси, а сега во Лондон очекуваме да освои номинација за олимпијадата. Александар Златаров, пак, за првпат успеа да дојде до 15 место што е за поздрав. Во тимски спуст го освоивме осмото место од 15 тимови, објаснува Спасиќ за успесите на кајакарите од Македонија.

„Ова е скап спорт оти кајаците и веслата се изработени од карбон. Еден кајак е околу 3000 евра, а едно весло е околу 700 евра. Тие иако изгледаат габаритно се многу лесни – 9 килограми за кајакот и 1,5 килограми за весло“, објаснува Спасиќ.

Тој додава дека помош се добива од Агенцијата за млади и спорт и Кајакарската федерација, а недостасува поддршката од приватниот сектор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/38649/foto-nevreme-ggo-zafati-veles/