Спречен шверц на мигранти во два одделни случаи

Migranti kamion 1

Полицијата вчера спречи шверц на мигранти во два наврати. Во првиот случај кај Криволак, полициски службеници од Полициското одделение за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Б.Г.(47) од с.Волково, скопско. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со скопски
регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 6 лица мигранти (3 од Пакистан, 2 од Сирија и 1 од Египет).

Zito akcija 640x289px

Претходно, во 20.30 часот возилото било забележано на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, но не застанало на даден знак за запирање. Откако стигнало во Криволак, возачот и мигрантите се обиделе да побегнат, но биле фатени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На регионалниот пат Валандово – Струмица, кај место викано „Бекатон“ во с.Костурино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран дале знак запирање на патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, при што возилото не застанало. Возилото продолжило да се движи кон село Костурино и кога застанало во селото од него излегле 8 лица мигранти од Сирија, кои набргу биле фатени, а возачот бил во бегство.

И за двата случаи е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36587/vo-dom-na-veleshanecz-pronajdena-droga-policzijata-mu-podnese-krivichna-prijava/