Тепачка на малолетници и смртен случај на 46 годишен велешанец во билтенот на СВР Велес

Veles Maj 2021

Во билтенот на Секторот за внатрешни работи Велес се најде една тепачка помеѓу малолетници кај Луна паркот стациониран позади Гимназијата.

Zito akcija 640x289px

„На 13.07.2022 во 22.45 часот во СВР Велес е пријавено дека во луна парк во Велес двајца малолетници физички нападнале малолетничка. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ соопшти полицијата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Едно лице на 46 годишна возраст вчера околу 16:40 часот било донесено во ЈЗУ Општа болница – Велес со тешки телесни повреди, кој подоцна им подлегнал на повредите.

„На 13.07.2022 16.20 часот во СВР Велес е пријавено дека во ЈЗУ Општа болница – Велес бил донесен со тешки телесни повреди Д.В.(46) од Велес, кој им подлегнал на повредите. Според пријавеното, тој со повреди се здобил на 09.07.2022, а семејството го пронашло во семејната куќа на 13.07.2022 околу 15.00 часот во бессознание. Увид на лице место е извршен од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Велес телото е испратено на обдукција“, изјавија од СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31136/vo-akczija-na-policzijata-otkrieni-novi-dileri-na-narkoticzi/