Тројца велешани се степале вчера попладне во угостителски објетк во Велес. Инцидентот се случил околу 18 часот, кога по кратка расправија, во физичка пресметка влегле двајца средовечни велешани од една страна и едно 28-годишно момче, од друга страна, јави полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
„На 30.12.2021 околу 18.15 часот во СВР Велес било пријавено дека во угостителски објект во Велес, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.А.(53) и С.Д.(46) од една страна и Н.П.(28) од друга страна“, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: