Сообраќајна несреќа во која полесно се повредени три лица, се случи вчера околу 13:50 часот, на регионалниот пат Велес – Извор. Во несреќата се судриле две возила, едно со гостиварски регистарски таблици, а другото со велешки. Една од повредените е задржана во велешката болница, а другите двајца се пуштени дома.
„На ден 26.08.2020 г околу 13.50 ч во ССВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат 1312 Велес-Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу ПА со гостиварски рег.таблички управуван од Р.Р. на возраст од 52 години и ПА со велешки рег.таблици управуван од А. А. На возраст од 41 година. Двајцата возачи се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ општа болница Велес се пуштени на домашно лекување, а сопатничката во возилото со гостиварски рег таблици Т.Р. на возраст од 75 години е задржана во болницата заради опсервација“, соопшти Димитар Каракулев од СВР Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: